Европското градежништво во негатива, македонското не престанува да расте

Градежништвото во Европската унија и натаму во негатива. Во јуни годинава споредено со истиот месец лани, градежниот сектор во ЕУ паднал за 2,3%, а во еврозоната за 0,5%, објави денеска европската статистичка служба ЕУРОСТАТ, пренесува Економски.

Од земјите во ЕУ најголем пад бележи Романија (13,1%), Португалија (10,3%), а најголем раст има Словенија од 28,7%.

Со мали осцилации, градежништовто во ЕУ е во постојан пад од стартот на глобалната криза во 2007 година.

eeeeeekonomski

Минатата недела државната статистика ја објави редовната анкета меѓу менаџерите во градежниот сектор. Според резултатите, нивните очекувања се дека вториот квартал од оваа година ќе покаже подобри бројки од претходниот.

Раководителите на фирмите од овој сектор велат дека финансиската состојба во второто трочесечје им се подобрила, имаат зголемени очекувања во однос на отворањето нови работни места, а со подобар квалитет е и механизацијата која ја користат.

Економски: Изградбата на автопатите ќе го зголеми БДП за 1% на годишно ниво

Растот во градежништово, но и оптимизмот дека тој ќе продолжи, се темелат на државните инвестиции во инфраструктурата. Стартот на изградбата на автопатите обезбедија работа за домашните градежни компании.