Почнува да се гради фабриката на „ОДВ-Елекрик“

Почнува да се гради фабриката на „ОДВ-Елекрик“. Германската компанија својата нова фабрика ја гради во Технолошко-индустриската развојна зона во Струга, кај Мислешево.

Со оваа инвестиција на германската компанија се очекува да се отворат околу 1.000 работни места.

Во фабриката ќе се произведуваат жичани инсталации за автомобилската индустрија кои ќе се изведуваат на европските пазари.

Инаку, големата европска компанија за производство од автомобилската индустрија веќе постои како инвестиција во Македонија и во Охрид веќе има вработено повеќе од 130 лица, а новиот објект ќе го градат во ТИРЗ Струга.

Инвестиција од 15 милиони евра и вработување на 1.000 лица
Инвестиција од 15 милиони евра и вработување на 1.000 лица

Станува збор за семејна компанија со свои капацитети во Германија, Украина, Унгарија, а во наредниот период и во Македонија.  До крајот на годинава бројот на вработени ќе достигне 150, а етапно се планира вработување на 1.000 лица во фабриката.

Инвестиција од 15 милиони евра и вработување на 1.000 лица

Договорот за реализација на оваа инвестиција беше потпишан на крајот на јули годинава.  Станува збор за инвестиција од 15 милиони евра и вработување на 1.000 лица.

Премиерот Никола Груевски истакна дека бројката на вработени е многу важна, особено за Струга, Охрид и околните населени места.

Инвестиција од 15 милиони евра и вработување на 1.000 лица
Инвестиција од 15 милиони евра и вработување на 1.000 лица

Владата на Република Македонија и државните институции ќе останат голем партнер на челниците на оваа, како и на сите други компании заинтересирани да инвестираат во Македонија. Остануваме посветени на нови инвестиции, отворање на нови работни места, креирање на одлични услови за инвестирање и создавање на поволна бизнис клима, истакна премиерот.

Тој додаде дека компанијата изработува разни компоненти за автомобили, а со нејзиното присуство во Македонија уште повеќе го зајакнува нашиот имиџ како земја на автомобилската индустрија.