петок, 20 јануари 2017  |  Вести денес: 45

„Фајненшл тајмс“: Силита на НАТО за брза реакција не се доволно подготвени за војна против Русија

Весникот нагласува дека токму недостатоците на НАТО силите за брза реакција се една од главните причини за одлуката на Алијансата да распореди повеќе војници за постојано во источното крило.

„Фајненшл тајмс“: Силита на НАТО за брза реакција не се доволно подготвени за војна против Русија

„Фајненшл тајмс“: Силита на НАТО за брза реакција не се доволно подготвени за војна против Русија

Последни вести

Новите сили за брза реација на НАТО, во чиј состав има околу пет илјади лица нема да можат да бидат распоредени во Источна Европа во случај на војна против Русија, покажуваат прогнозите на Алијансата, пишува весникот „Фајненшл тајмс“.

– Тие сили би биле мошне ранливи во фазата за распоредување, за да можат да бидат користени во Полска или во балтичките земји, изјавија за весникот двајца анонимни генерали од НАТО, кои се добро запознати со логистичкото и военото планирање на Алијансата.

– Одлуката на Русија драстично да ги зголеми своите воени сили во балтичката енклава, Калининград, меѓу Полска и Литванија, како и воените ресурси на руската граница значи дека силите за брзо реагирање на НАТО се под закана да бидат потиснати уште пред да бидат подготвени за борбени дејствија, доколку се обидат да се распоредат источно од реката Одер, изјави еден од генералите.

Весникот нагласува дека токму недостатоците на НАТО силите за брза реакција се една од главните причини за одлуката на Алијансата да распореди повеќе војници за постојано во источното крило.

Се очекува на самитот во Варшава во јули земјите од НАТО да одобрат серија мерки за подобрување на подготвеноста на Алијансата за практична територијална заштита. Една од важните мерки, кои се разгледуваат е распоредувањето на четири баталјони во трите балтички републики, Естонија, Летонија и Литванија, како и во Полска

Најчитани вести