Фарид награден за одличните игри во Денвер

Крилото Кенет Фарид на Денвер Нагетс го продолжи договорот со клубот за 5 години, а ќе инкасира вкупно 60 милиони долари.

Иако веста утрово беше објавена од американските медиуми, нема официјална потврда ниту од клубот, ниту од кошаркарот.

Кенет Фарид се прикажа во одлично светло и за репрезентацијата на САД за време на Светското првенство во Шпанија ова лето, кое заврши со триумф на Американците. Кошаркарот на Денвер беше избран и во идеалниот тим на турнирот.