Филипче: Набавките се одговорност на првите луѓе на клиниките

Денеска министерот за здравство, Венко Филипче, даде изјава за телeвизијата Канал 5 и одговарајќи на новинарско прашање поврзано со тендерите на хематологија и онкологија рече дека како ресор немале ингеренции да учествуваат во процес на јавна набавка.

„Како министер за здравство и како Министерство за здравство ние воопшто немаме ингеренции да учествуваме во било каков процес на јавна набавка во било која од јавните здравствни установи. Тоа е одговорност на менаџерот, на директорот, тоа е одговорност на целокупниот менаџерски тим на самата Клиника или било која друга јавно-здравствена институција којашто прават планови за набавки врз основа на  бројот на пациенти и врз основа на потребните лекови. Буџетите се големи заради тоа што се скапи лековите. Заради тоа што таму се лечат пациенти коишто страдаат од многу тешки болести“, рече Филипче во ијзавата.

Истакна дека биле побарани сите документи по објавувањето на споменатите постпки во јавноста,

„Ги побаравме сите документи од анти-корупциската комисија, се консултиравме со луѓе и од други институции, како што е финансова полиција, итн. Доколку е потребно ќе ги преземеме сите мерки коишто се во наша надлежност. Досега немаше некоја недоследност во работењето, ниту на Клиниката за хематологија, ниту на Клиниката за онкологија за којашто излегоа двете постапки“, додаде министерот за здравство.

Медиумите и најголемата опозоциска партија ВМРО-ДПМНЕ, речиси цела недела бараат одговор за набавката на Клиниката за хематологија која доделила над три милиона евра на веледрогеријата „д-р Пановски“. Спорно за јавноста е што директорка на оваа клиника е докторката Ирина Пановска – Ставридис, ќерка на сопстеникот на спомнатата веледогерија, Златко Пановски.