Формиран изборниот штаб на ТМРО

Извршниот комитет  на ТМРО на синоќешната седница донесе одлука за формирање на централен изборен штаб на партијата кој што ќе го водат Александар Поповски и Бојан Ѓорѓиeвски, како и шест регионални изборни штаба во сите шест изборни единици, се’ со цел ТМРО да стане парламентарна партија, потребна во овој историски период за Македонија.

Усвоена е изборната платформа на партијата, која ќе биде и основа  за евентуален заеднички настап со други партии.

Доколку до 15-ти март не биде исплатена обврската од страна на државата, која следува согласно законот за финансирање политички партии, ТМРО ќе се повлече од изборниот процес, и за причините ќе ги извести меѓународните претставници во земјава.