Фото: Државниот врв на премиерата на „До балчак“

Целиот државен врв присуствуваше на премиерата на “До балчак“ во режија на Столе Попов.

Претседателот Ѓорге Иванов, претседателот на Собранието Трајко Вељаноски и премиерот Никола Груевски со сопругите, како и министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска, министрите за здравство, за внатрешни работи, за надворешни работи…

balcak-1_thumb_medium500_312

Филмот по проекцијата беше награден со бурни аплаузи, а пред посетителите се поклонија речиси сите актери и голем дел од екипата, на чело со режисерот Столе Попов.

balcak-2_thumb_medium500_311

По премиерата која траеше речиси до полноќ, пред кино “Милениум“ беше организиран коктел каде присуствуваа речиси сите политичари кои беа на проекцијата.

balcak-4_thumb_medium500_343

За почеток, за “До балчак“ може да се каже дека е визуелно извонредно интелигентен филм со исклучителни актерски улоги.

balcka_thumb_medium500_309

Филмот игра на редовниот репертоар во кино “Милениум“, ќе започнат проекции и во “Синеплекс“ како и во поголем дел од градовите низ Македонија.