ФОТО: Мртви тела ги вознемирија ѓорчепетровци

Две мртви тела покриени со бели чаршави, на игралиште во скопската населба Ѓорче Петров, утринава ги вознемирија локалните жители.

Граѓани се јавија утрово до редакцијата на Нетпрес, откако на игралиштето пред станбена зграда ги забележале двете безживотни тела.

За среќа, ситуацијата не е реална, туку телата биле поставени само како сцена за потребите на снимање на нова телевизиска серија.

 

tela2(a)