
Триесет и девет годишнииот Дарко К. Кој е осомничен дека ја силувал, па ладнокрвно ја убил 14-годишната Ивана Подрашиќ е уапсен во средата вечерта.
Дарко е уапсен под сомневање дека пред два дена во истата напуштена куќа каде што ја силувал и убил Ивана, силувал и своја роднина.
Телото на несреќната Ивана е пронајдено денес во напуштена куќа во белградската населба Раковица. Безживотното тело на девојчето било пронајдено завиткано во чаршав и во фаза на распаѓање.
Ивана исчезна пред повеќе од два месеци, а според полицијата таа починала од насилна смрт уште кон средината на месец август. Телото е предадено на обдукција за да се открие причината за смртта.