Фото: Пијан охриѓанец вооружен се шетал низ градот

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело “Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи” СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.Ч.(47) од Охрид. Од страна на судија во претходна постапка, него одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.

На осми овој месец во 00 часот и 05 минути, кај Г.Ч. пронајдено е огнено оружје пиштол марка „Берета“ и оквир со 10 куршуми што во футрола го имал на појас од десната страна. Сега притворениот Г.Ч. е забележан на булеварот „Македонски просветители“ во близина на градскиот плоштад. Kај него, по дополнително извршеното алко-тестирање утврдени се 2,22 промили алкохол во крвта.

ohriddd2-500

При претрес извршен во неговиот дом, а во присуство на адвокат, полициските службеници пронајдоа една рачна бомба како и вкупно 309 парчиња муниција различен калибар, дел сокриена во пластични и кутии од мобилен телефон а дел облепени со селотејп лента.

ohriddd1-500

Пиштолот, рачната бомба и муницијата се одземени и се предадени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.

ohriddd500