ФОТО: Потписот на професорот Ратко Дуев доказ за поддршката на државниот испит

Професори од универзитетите од Македонија денеска го поддржаа предлогот за државен испит на факултетите, со граѓанска иницијатива која ја насловија „За поддршка на знаењето во високото образование“.

Тие во иницијативата истакнуваат дека знаењето е основна движечка сила во секоја професија, клучна енергија што го движи светот напред.

Но, откако ова се појави во јавноста, опозицијата и универзитетските професроти блиски до неа, почнале со големи притисоци врз оние професори кои се потпишале на „За поддршка на знаењето во високото образование“.

На заканите и притисоците на про-сдсомовските професори им подлегнал продеканот на Филозофскиот факултет, доц. д-р Ратко Дуев. Тој на својот профил на социјалната мрежа „Фејсбук“ напиша:

„Одговорно тврдам дека не сум потпишал никакво писмо, моите сугестии и белешки за законските измени преку Институтот беа доставени до Факултетот и затоа и стојам зад одлуките на ректорската управа и сенатот“.

Нетпрес дојде до листата на професорите кои лично своерачно ја потпишале. На неа е и потписот на професорот Дуев.

duev1A