ФОТО: Северина одушевена од дуетот со Саша Матиќ

Северина Вучковиќ и Саша Матиќ неодамна завршија со снимањето на спотот за песната „Море од тага“ која за неколку дена ќе ја доживее и својата премиера.

Северина со нетрпение го очекува денот кога новиот спот премиерно ќе и’ биде претставен на публиката, затоа што таа и Саша приредиле бројни изненадувања за публиката. Како што вели и самата, песната е многу емотивна, а сцените кои ги снимиле ќе измамат солзи и кај оние најсилните.
-Многу сум среќна поради таа песна, затоа што е емоивна, искрена и љубовна, изјави пејачката за српските медиуми.

Спотот за песната обилува со сцени што ќе ја разнежнат и ќе ја расплакаат публиката:
-Во спотот танцуваме, со оглед на тоа дека Саша никогаш не танцувал, затоа што тој е слеп човек од раѓање, за мене тоа беше многу емотивно, а и за него исто така. Сепак, се изелезе фантастично, вели познатата пејачка.

Спотот е снимен на повеќе локации во Србија и Хрватска, а убавата Севе на својот Фејсбук профил објави селфи фотографија од снимањето.