ФОТО: Сообраќајка кај Рампа, момче се бори за живот

Дваесет и две годишниот скопјанец С.А. се бори за живот по сообраќајна несреќа која синоќа се случила на булеварот „Борис Трајковски“, кај Рампа.

Од полицијата денес информираат дека несреќата се случила помеѓу БМВ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Д.(43) од Скопје и моторцикл Хонда ЦБР без регистарски ознаки,  управувано од момчето.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на моторциклот, кој со возило на Итна медицинска помош бил префрлен во Градска општа болница „Наум Охридски“.

Полицијата на местото на несреќата извршила увид.