ФОТО: Time не смее да му пишува на Путин на насловната

Светот е поделен меѓу најмоќните претседатели, рускиот Владимир Путин и американскиот Барак Обама. И додека секој се обидува на свој начин да ја докаже својата моќ и позиција во светот, угледниот Time одлучи, едниот сепак има малку повеќе привилегии од другиот.

На социјалните мрежи кружи фотографија на која се наоѓаат шест насловни страници на угледното списание  Time. На првите три го гледаме првиот човек на Русија, додека на останатите три – претседателот Обама.

Тоа што ја создало дебатата на социјалните мрежи е фактот дека двата светски лидери не се на идентичен начин прикажани на насловните страници. Додека ликот на Владимир Путин стои пред официјалното лого на списанието, преку лицето на Обама поминува истото тоа лого “TIME”.

Главното прашање на социјалните мрежи е: На кого не смее да му се пишува по главата и кој ја прави цензурата во Time?