
Ураган во понеделникот уништи добар дел од мекскичкиот пацифички полуостров Баха Калифорнија, од трошни куќи до луксузни хотели и цвртсо градени трговски центри, уништувајќи цели градски квартови до темели.
Моќниот ураган „Одил“ кој стигна во неделата навечер рушеше дрвја, далеководи, бандери, скрши автомобили, прозори и фасади на згради. Го поплави главниот пат, а сите пристаништа и еден аеродром се затворени.
Американскиот центар за урагани објави дека максималната брзина на ветерот изнесувала околу 150 км на час. Се очекува дека ќе наврнат 15 до 30 литри на квадратен метар, а некаде може да се јават големи поплави и лизгалишта.
Силниот ветер и обилни дождови продолжуваат да се шират на север, но ураганот изгуби на јачина.
Околу 300 илјади лица се во повремени засолништа, а повредени се 135 лица.
Службата за цивилна заштита соопштила дека најголем дел од електричната инсталација е скината, а без струја се 240 илјади луѓе.