ФОТО: Зајачица родила „мали слончиња“

Зајачица на една фарма во Газа родила младенчиња кои потполно наликуваат на друг вид животно, односно на слон!

Ебу Мур истакнува дека од 11 младенчиња, три се родени со мала сурла, големи уши и кратко опавче. Одгледувачот бил фрапиран кога ги видел „малите слончиња“.

Директорот на Ветеринарскиот уред на палестинското Министерство за земјоделство и сточарство, Зекирија ал Кефарин тврди дека овој феномен најверојатно е поврзан со некое заболувње на женката, кое предизвикало генетско нарушување кај младенчињата.