ФОТО: Жената која ги командува Курдите во борбата против ИСИС

Четириесетгодишната Мајса Абдо е жената која стои на чело на одбранбените сили на курдскиот народ против џихадистите во Кобане. Нејзиното воено име е Нарин Африн.

Абдо ја опишуваат како интелигентна и одмерена жена која се грижи за психичката сила на своите соборци и секогаш е подготвена да ги сослуша нивните проблеми. Жените традиционално се дел од повеќето курдски воени единици и се многу пожртвувани и храбри борци.

mayas

Повеќе стотина волонтерки учествуваат во воената обука што се одржува во кампови. Исламистите стравуваат од средба со нив, верувајќи дека оние кои убиваат жени нема да отидат во рајот.

„Тоа не е мит, туку реалност. Лично се имам уверено во истото. Жените борци влијаат на нивната психа. Кога ќе слушнат женски глас преку радио, стануваат хистерични“, вели Галие Нимет, една од жените борци која се бори во Кобане.