Франција: Заштитата на новинарските извори влезе во нацрт-закон

Франција: Заштитата на новинарските извори влезе во нацрт-закон
Франција: Заштитата на новинарските извори влезе во нацрт-закон

Француските пратеници денеска повторно ја вратија заштитата на доверливоста на новинарските извори во нацрт-текстот на законот за независност и плурализм на медиумите во Франција, по кој ќе се дискутира на собраниската расправа на 8 март, јави дописникот на МИА од Париз.

Пратениците во текот на комисиската расправа едногласно ги усвоија измените и дополнувањата на нацрт-законот, предложени од комунистката Мари-Жорж Буфе и социјалистот Мишел Пузол. Овие веќе беа усвоен од страна на Комисијата во декември 2013 година, но не беа поддржани од Собранието.

И покрај повторените уверувања и ветувања што ги даде актуелниот претседател Франсоа Оланд, во текот на кампањата за претседателските избори на кои беше избран на функцијата, извршната власт досега не го стави на дневен ред нацрт-законот за заштита на изворите, поради различинте ставови на пратениците.

Според одредбите што беа усвоени денеска, повреда на тајноста на изворот на информации на еден новинар претставува „кога се бара од него да ги открие неговите извори”. Тајноста на изворот може да биде прекршена „во исклучителни случаи, кога откривањето на изворите може да спречи извршување на кривично дело или прекршок, кои претставуваат сериозна закана за интегритетот на луѓето и доколку оваа информација не може да се добие на друг начин“. Сепак, новинарот „не може во никој случај да биде принуден да ги открие своите извори“,

Со измените Законот за печатот од 1881, се наведува дека „секој новинар има право да одбие каков било притисок за да ги открие неговите извори, да одбие да потпише статија, емисија или дел од емисија, чија содржина е промената без негово знаење или против неговата волја. Тој не може да биде принуден да прифати акт спротивен на своите професионални и интимни убедување“.