
Веднаш по дознавањето на тажната вест дека 23- годишниот фудбалер Александар Пондовски-Пандо им подлегнал на повредите по тешката сообраќајка, неговите поранешни соиграчи почнаа преку социјалните мрежи да му искажуваат почит на својот пријател и клупски колега.
Александар Пондовски-Пандо се наоѓаше во кома четири дена, а утринава починал во Клиниката во Скопје.
Тој имаше само 23 години, а последен клуб за кој играше беше второлигашот Еуромилк.
Пандовски со својот татко со автомобил марка Голф излетаа од патот на излезот од Скопје, удирајќи најпрвин во столб, а потоа и во дел од пумпите на Бензинската пума во населба Маџари.