Газдата на „Фиком“ пронајден мртов во затворот во Штип

Никола Николиќ, кој на јавноста и стана познат со аферата „Фиком“, ноќеска бил најден обесен во затворот во Штип каде ја одлежуваше затворската казна за измама со продажба на станови, објави „Република“.

Од МВР потврдуваат дека е пријвено дека има починато лице во затворот во Штип, околу 7 часот утринава. Но, оттаму за „Република“ информирале дека екипите се на терен и во моментов се врши увид. Според нив, идентитетот на починатиот затвореник сѐ уште не е познат.

Адвокатот на Николиќ, Александар Петровски, на својот фејсбук профил утринава објави дека Николиќ е пронајден мртов.

– Мојот клиент Никола Николиќ од „Фиком“ ноќеска е пронајден обесен во КПД Штип. Наводно сам си го одзел животот, нека му е лесна земја. Не можам да ја разберам жедта за лишување од слобода на сите оние што навиваат за такво нешто. Луѓето се претворија во ѕверови, не си ја гледаат маката туку само за апсења зборуваат – напиша адвокатот.

al

Николиќ е затворен поради продавање исти станови од зградата во Кисела Вода на повеќе потенцијални станари.