Ѓоковиќ во финалето на турнирот во Пекинг

Новак Ѓоковиќ е првиот финалист на тенискиот турнир што се игра во Пекинг, откако во полуфиналето го победи Британецот Енди Мареј.

До победата, Ѓоковиќ стигна по еден час и 38 минути откако ги доби двата сета со 6:3 и 6:4.

Ѓоковиќ ќе игра во финалето со подобриот од мечот Томаш Бердих – Мартин Клижан, што се игра денеска во 13:30 часот.

Светскиот рекет број еден ќе се бори за третата по ред титула на овој турнир, а петта од 2009 година. Во 2011 година поради повреда на грбот, Ѓоковиќ не учествуваше на овој турнир.