Гневот на СДСМ предизвика револт кај Турците, Србите, Ромите, Бошњаците, Власите

СДСМ продолжува со својата непромислена политика која е мотивирана пред се од гнев и омраза. Во таа своја политичка заслепеност и немањето на идеја за конструктивна политичка борба СДСМ денес одржа прес конференција со која ја обвини Владата за распишаниот оглас за вработување на припадници на турската, српската, ромската, влашката и бошњачката етничка заедница.

Иако уште пред три дена владините претставници образложија дека овој оглас е редовно годишно вработување на припадници од помалите етнички заедници во Република Македонија, кој е базиран на уставните норми за унапредување на застапеноста на етничките заедници во администрацијата СДСМ продолжи да критикува, притоа очигледно неразмислувајќи дека на овој начин тие се противат на поголем број свои сограѓани од други етнички заедници, што е преземена обврска уште од 2002 година.

Дополнително скандалозен е и фактот дека овој процес се реализира повеќе од 10 години врз основа на донесени соодветни план и програма и врз основа на анализи и истио го спроведуваше и СДСМ од 2002 до 2006 година, односно прв го воведе и тоа не е спорно. Спорно е што сега СДСМ мисли дека на тој начин само ја покажува својата лицемерност и двојни стандарди.

СДСМ треба да научи дека со плукањето на помалите етнички заедници не добива, туку губи симпатии и кај Турците, Србите, Ромите, Бошњаците, Власите, но и кај Македонците кои ја препознаваат неискреноста и лицемерието на СДСМ и не се согласуваат со навредувањето на помалите етнички заедници.