
Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ официјално се запиша во Гинисовата книга на рекорди.
Освен што доминира со светскиот тенис, Ѓоковиќ држи и два рекорда.
Во најновото издание на Гинисовата книга на рекорди има голем број спортисти, а првиот светски рекет го држи рекордот со најмногу победи на Отвореното првенство на Австралија и најдолг финален натпревар на Гренд Слем турнирите во историјата на тенисот.
Ѓоковиќ досега го има освоено пет пати Аустралиан опен (2008, 2011, 2012, 2013, 2015), а во финалето на истиот турнир во Мелбурн во 2012 година го победи Шпанецот Рафаел Надал со 3:2 во сетови (5:7, 6:4, 6:2, 6:7, 7:5) по рекордни пет часа и 33 минути игра.