Голем интерес кај земјоделците за добивање субвенции

Околу две илјади земјоделци од Кавадарци и Росоман досега поднеле апликации за земјоделски субвенции, информираше Зоран Шалев, раководител на кавадаречката подрачна единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Тој потенцираше дека дневно се поднесуваат повеќе од 100 барања со оглед на тоа дека постои голем интерес кај земјоделците за поднесување барања за земјоделски субвенции со цел развој и поттикнување на производството.

Рокот за поднесување на барањата истекува на 31.мај.