Голем пожар во скопско Чашка (ВИДЕО)

Голем пожар во атарот на село Чашка, зафати борова и друга шума. Во гаснење на пожарот се вклучени и авиони за гаснење пожари- канадери кои се обидуваат од воздух да го изгаснат пожарот кој често го менува правецот на движење поради ветерот.

На терен го гасат 20-тина лица со 2 ПП возила од ТППЕ Ѓорче Петров и 3 ПП возила од ТППЕ на Град Скопје. Ангажирани се два авиони од Дирекцијата за заштита и спасување кои до сега имаат направено 3 налети, информираат од ДЗС.

Дирекцијата за заштита и спасување е во состојба на зголемена будност. Вработените во подрачните одделенија ја следат состојбата на целата територија на Републиката и е подготвена да во секој момент доколку има потреба ангажира тимови за брз одговор за гаснење на пожари на отворен простор на територијата на Република Македоинија.