Голомразица на повисоките места, одрони во клисурите

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно во зимски услови,по наместа влажни коловози, а на повисоките места  наместа со остатоци од снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на Македонија пат.

Поради ниските температури наместа  можна е појава на голомразица. Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Делчево, Виница – Берово, Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија – Удово и Катланово-Велес.

Од Македонија пат на учесниците во сообраќајот им препорачуваат внимателно управување со возилата,почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

фото: Сител