Голтнал отровна змија поради облог од 2 долари

Завер Ратход (35) од источниот дел на Гујурат го убил рептилот фрлајќи камења по него, откако гризнал еден од неговите другари.

Неговите пријатели го провоцирале да ја изеде змијата за 100 рупии односно 2,42 долари.

Меѓутоа, веднаш после тоа паднал и бил пренесен во болница со тешки мачнини и гадења во стомакот.

Лекарите успеале да му ја отстранат содржината на отров од змијата пред да навлезе во крвта, за да не доведе до фатални последици по неговиот живот.

Храбриот Индиец успеал да ги избегне новинарите и медиумите кои го чекале пред болницата за да земат изјава од него, а лекарите не изјавиле за каков вид змија се работи.