Спорт

Голубиќ нов владетел на 100 метри

Голубиќ нов владетел на 100 метри

Атлетичарот Сашо Голубиќ постави нов апсолутен рекорд на Македонија на патеката од 100 метри, мерен рачно, што треба да биде верификуван наредната недела од Натпреварувачката комисија при Атлетската федерација на Македонија, а потоа и од Извршниот одбор на АФМ. Голубиќ е нов владетел на спринтот со време од 10,33 секунди, но достигнувањето ќе му биде впишано како 10,4 секунди затоа што е рачно мерењето и ќе се вброи во категоријата останати рекорди, доколку Комисијата го признае резултатот.

Голубиќ, заедно со уште неколку македонски атлетичари, настапи на т.н. ДИФ-овијада во Ниш, односно натпревар на студентите од факултетите по физичка култура во регионот.

Покрај Голубиќ, победници во своите дисциплини беа уште и Илија Пајмакоски на 400 метри (53,4 секунди), Христина Ристеска – на 100 метри (12,3 секунди) и Фросина Ристеска – 400 метри (59,1 секунди).

Актуелен носител на рекордот, електронски мерен, е репрезентативецот Ристе Пандев, со време од 10,61 секунди.

Извор: Спортмедиа