сабота, 3 декември 2016  |  Вести денес: 0

Ѓорчев: Граѓаните сакаат развиена економија, мир и стабилност, доста им е од пучеви

vladimir-gjorcev

Последни вести

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ е мултиетничка коалиција која има поддржувачи од сите националности, вери, политички партии и граѓани. Тоа е најголемата коалиција во историјата на Р. Македонија, истакна од Гостивар Владимир Ѓорчев, носителот на пратеничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во ИЕ6.

-И на плус 40 степени во јули и на минус 10 во декември ВМРО-ДПМНЕ ја поминува, ја крстосува Македонија и нашата коалиција победува. На минатите избори постигнавме историски резултат, имавме повеќе од 8000 гласови повеќе од нашите противници, на овие избори ќе имаме уште повеќе, затоа што е во прашање уставниот поредок на Р. Македонија, рече Ѓорчев пред гостиварчани.

Тој посочи дека одејќи на терен граѓаните испраќаат порака дека им е доста од пучеви и преврати и дека граѓаните сакаат развиена економија, мир, стабилност и безбедност.

Ѓорчев на митингот се обрати и кон членовите на СДСМ за кои како што рече овојпат ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ.

-Оваа Македонија што ја имаме со векови и децении е нешто скапоцено. Овие најави на Заев не се идеалите на АСНОМ, на големиот генерал Михајло Апостолски, ова не е концептот на првиот претседател на Р. Македонија Киро Глигоров, рече Ѓорчев.

Тој посочи дека во кампањата на СДСМ денеска ги нема луѓето кои што со децении беа поврзани со СДСМ од едноставни причини што не ја поддржуваат идејата за редефинирање на Уставот на Р.Македонија.

Најчитани вести