Македонија

Гошев: 8 лица кои се вработени во Општина Струмица, деноноќно работат во штабот на Бихаќка!

Гошев: 8 лица кои се вработени во Општина Струмица, деноноќно работат во штабот на Бихаќка!

Пратеникот Славе Гошев од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска расправа по Законот за вработените во јавниот сектор реплициралќи му на пратеникот Панче Орцев од СДСМ го запраша за лицата кои што биле вработени и на платен список во Општина Струмица, а секојдневно престојувале во Скопје и работеле во штабот на СДСМ.

Ве прашувам јавно, пред целата македонска јавност, дали има 8 луѓе кои што се вработени и се на платен список на Општина Струмица, а спијат овде во Скопје и работат во штабот на СДСМ? Ја ќе ви ги кажам и со имиња и презимиња. Дали да ве спомнувам за камионите на Комуналец со кои што собиравте смет пред зградата на Владата на Република Македонија? Ако е тоа рецептот за вашата администрација и ефикасно работење, благодарам не ми треба, рече Славе Гошев.

Гошев во продолжение јавно го праша пратеникот Орцев кој што е поранешен директор на Јавното комунално претпријатие во Струмица, дали некогаш се направило функционална анализа за вработувањата во ова претпријатие.

Па затоа сега си земав за слобода бидејќи знам некои работи можеби и повеќе од колегите бидејќи доаѓам од Струмица, општина во која СДСМ ја практикува власта и каде што вие бевте директор на комуналното претпријатие пред да стапите на функцијата пратеник овде во Собранието на Република Македонија. Дали вие имате направено ваква анализа во комуналното претпријатие за последниот оглас кој го објавивте за 90 нови вработувања? Значи огласот не е ни пред 4, ни пред 10, ни пред 15 години, туку е пред 2 недели! Минатиот пат кога ви реплицирав вие воопшто не ми одговоривте на тоа прашање. Еве јавно ве прашувам по втор пат, дали е вистина дека во тек е оглас за нови 90 вработувања во Јавното комунално претпријатие во Струмица? Дали се тие вработени преку Агенција за привремени вработувања, дали се со договор на дело, дали се со трајно вработување? Ве повикувам да ми одговорите, се обрати Гошев кон пратеникот Панче Орцев.