Гостиварец со боксирач претепал сограѓанин

Дваесетгодишниот Л.М. од Гостивар доби кривична пријава поради нанесување тешка телесна повреда.

На 14.11.2014 година, околу 16,30 часот, во Гостивар пред рампата на автобуската станица пријавениот му го попречил патот на 19 годишно лице од Гостивар, по што со метален предмет-боксирач физички го нападнал нанесувајќи му  тешки телесни повреди.