Грабар – Китановиќ: Јасно е кој беше агресор, а кој жртва

Новоизбраната претседателка на Хрватска, Колинда Грабар-Китановиќ не е задоволна од денешната пресуда во Меѓународниот суд на правдата во Хаг со која беа отфрлени обвиненијата за геноцид, но сепак ја уважува.

-Од образложението на пресудата јасно е кој беше агресор, а кој жртва, се наведува во соопштението на Грабар-Китановиќ.

Пресудата упатува на потребата да се казни секое злостроство и повредување на правдата, како и оние што ги наредија злосторствата или не ги спречиле, соопшти хрватската претседателка и порача дека посебно ќе биде истрајна во пронаоѓањето на исчезнатите лица, но и на враќањето на културното наследство.