Град Скопје доделува садници на урбани месни заедници и куќни совети

Градот Скопје ја продолжува традиционалната пролетна акција за доделување садници на заинтересирани куќни совети и урбани месни заедници, на коишто  ќе додели 2.000 дрвца (листопадни и зимзелени) од ЈП„Паркови и зеленило“.

Садниците коишто ќе ги додели Градот Скопје ќе бидат стручно засадени од вработени лица во ЈП„Паркови и зеленило“.

Заинтересираните куќни совети и месни урбани заедници треба да поднесат барање за доделување садници до Секторот за комунални работи на Град Скопје, булевар Илинден бр. 82. Субјектите во барањето треба да го наведат бројот на садниците  што бараат да им се доделат и точната локација на којашто планираат да ги засадат дрвцата. На барањето треба да стои печат од куќниот совет или од  месната урбана заедница.

На куќните совети и на месните урбани заедници на коишто ќе им бидат одобрени барањата, во оваа акција ќе им се доделат  најмногу 10 (десет) садници.

Барањата за добивање садници до Секторот за комунални работи на Град Скопје може да се доставуваат од 1 до 10 април  2015 година, а од 10 април до 1 мај вработени од ЈП„Паркови и зеленило“ стручно ќе ги засадат доделените садници на локациите коишто се наведени во барањата.

Акцијата на Град Скопје за доделување садници се организира  веќе година во две етапи, односно напролет и наесен.