Градинката „Пиколини“ донираше книги за децата од СОС Детското село

Детската градинка Пиколини по повод светскиот ден на детската литература додели пакет детски книги, лектири, боенки и бајки на дечињата од СОС Детско село Македонија.

Собраната донација е резултат на заедничката иницијатива на родителите и нивните дечиња, како и на вработените и менаџментот во градинката, кои со заеднички напори успеаа да соберат цел пакет на книги.

„Како институција која се грижи за најмалите, секогаш се трудиме на нашите дечиња да им воспоставиме здрав систем на вредности, кој се темели на еднаквост и поддрршка на различни сегменти во заедницата.Се надевам дека нема да запреме тука и нашата соработка ќе продолжи“,изјави Марина Сивакова Тасков, генерален директор на Пиколини.

Градинката и понатаму ќе продолжи со активности во насока на поддршка и помош на оние на кои им е најпотребно, со посебен фокус на децата и младите луѓе.

kniga2