Градоначалникот на Солун доаѓа во Скопје

Солун е отворен за соработка и за приближување на двата народи – ова според информациите на Канал 5, би можела да биде пораката што ќе се испрати со посетата на солунскиот градоначалник на Скопје, објави Канал 5.

Посета која ни ја потврдија и од македонска и од грчка страна. Бутарис во четврток ќе има средби за запознавање, без конкретни теми на агендата, со претседателот Ѓорѓе Иванов, со премиерот Зоран Заев, со шефот на македонската дипломатија Никола Димитров, со градоначалникот Петре Шилегов, а можеби ќе оствари средба и со лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Една од идеите на солунскиот градоначалник, уште години наназад е поврзување на Скопје и Солун по воден пат, преку реката Вардар, нешто што во минатото од замисла не беше пренесено во конкретен план, па така не е исклучена можноста оваа идеја да заживее на средбите во Скопје.

„Ние не водиме надворешна политика. Ние се обидуваме преку дипломатијата на градовите да ги доближиме граѓаните на двете страни и работејќи заедно да решиме некои од проблемите што како соседи ги имаме. “– вели Бутарис за Катимерини, на неколку дена пред посетата на Скопје