Гранати од Прва Светска војна пронајдени во битолско

Педесет и шестгодишниот М.Д. вчера работејќи на пругата во село Кравари, битолско, пронашол три артилериски гранати од Првата Светска војна.

Истите се подигнати од лице место од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување.