Две детонации оддекнале вчеравечeр во близина на зградата на Владата на Македонија.
Според полицијата, било пријавено дека експлозиите се чуле во околу 22 часот.
Од МВР информираат дека веднаш била испратена полициска екипа, која утврдила дека на фасадата на зградата во која е сместена Владата на Македонија биле пронајдени два забиени проектила.
Надлежните институции извршиле увид, а проектилите се подигнати и предадени на вештачење.