Грчева до Јанева: Зошто сте тука кога според вас парламентот е нелегитимен?

Со наведната глава, како да ги чита или студира материјалите пред себе, вчера во собраниската сала специјалната обвинителка Kатица Јанева ги слушаше прашањата и критиките упатени до неа од независната пратеничка Солза Грчева која, пак, револтирана од односот на Јанева и од целата хаотична атмосфера претходниот ден имаше жесток настап, пишува Дневник.

„Жалам што многу луѓе останаа разочарани од СЈО. Јас не ве гласав бидејќи не можам да замислам во 21 век, во една модерна Македонија, некој што работел само на бракоразводни парници може да се зафати со истражување организиран криминал. Вие докажавте дека тоа ви е нивото, тука треба граѓаните да ги ограничат своите очекувања од вас“, рече вчера Грчева обраќајќи ѝ се на Јанева.

Јанева се обидуваше да се задлабочи во разгледувањето на листовите во обид да не ги слуша пораките од Грчева и во ниту еден момент не ја погледна.

-Вие вчера покажавте непознавање на правниот, политичкиот систем и на демократијата. Не дадовте одговор на прашањето зошто сте тука кога според вашата изјава парламентот е нелегитимен – прашуваше револтирано Грчева од говорницата гледајќи во Јанева во очекување барем на некаков одговор.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.