Грција не го признава Косово

Грција не планира да ја признае независноста на Косово, истакнал грчкиот министер за надворешни работи, Евангелос Венизелос, на состанокот со косовскиот премиер Хашим Тачи во Приштина, соопштуваат приштинските медиуми.

Хашим Тачи изјавил дека во најскоро време се очекува отварање на дипломатско претставништво во Атина, за да се зголеми соработката со Грција.

Венизелос истакнал дека сепак неговата земја ја поддржува евроинтерацијата на Косово.