Свет

ВИДЕО: Грозоморно злосторство ги потресе САД

ВИДЕО: Грозоморно злосторство ги потресе САД

Маж од американскиот град Лексингтон, во сојузната држава Јужна Каролина, признал дека ги убил своите пет деца и ги одвел полицајците до местото, каде ги фрлил нивните тела, јавуваат американските медиуми, пренесува Нетпрес.

Децата биле на возраст меѓу 1 и 8 години, соопштила локалната полиција.

Мајката пријавила исчезнување на децата на 3 септември, годинава. Таа била разведена од својот сопруг. Со одлука на судот децата му биле доделени на таткото и тој живеел со нив.

Во саботата полицајците во Мисисипи го привеле триесет и двегодишниот Тимоти Реј Џоунс, откако бил сопрен со неговиот автомобил поради рутинска контрола.

При проверката полицајците забележале дека тој е пијан, а од неговиот автомобил се ширел остар мирис на хемикалии. Веднаш му го провериле возилото и во него забележале траги од крв и други телесни течности.

Џоунс бил приведен во полициска станица, каде признал дека ги убил своите пет деца. Потоа осомничениот ги одвел полицајците до местото каде ги фрлил телата. Тоа било некои зафрлено место во соседната држава Алабама.