Македонија

Груевски: Беа измислени обвиненија без докази, Заев ми се одмаздува за 11-те години порази

Груевски: Беа измислени обвиненија без докази, Заев ми се одмаздува за 11-те години порази

Во Кривичниот суд во средата беше одложено рочиштето за случајот „Насилство во Центар“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), во кој на вкупно 14 лица им се суди за насилствата во скопксата општина Центар од 2013 година, а меѓуобвинетите е поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

„Ништо ново во однос на овие предмети кои Власта и СЈО ги туркаат. Ова е непринципелна хајка и политичка одмазда. Се измислија обвиненија без докази. Потоа нелегално стекнатите материјали станаа докази. Последниот чин беше да ги сменат и судиите. За разлика од овие судења видовте што се случува со судењето на Заев каде судијката му се извинува. Заев ми се одмаздува за 11 години порази“, изјави Груевски денеска пред судот.

Инаку, судењето е одложено за 2-ри февруари.