сабота, 27 мај 2017  |  Вести денес: 22

Груевски: Граѓаните на Македонија се господари на ова парче земја

Ние Македонците, одовде на Илинден порачуваме дека Македонија, како и досега низ историјата одовде ќе излезе уште посилна, уште поуспешна, економски посилна и пообединета. Да ни е за многу години и векови праникот Илинден!, порача Груевски притоа упатувајќи честитка до сите граѓани на Македонија.

gruevski-govor-trnovo-640x427

Поврзани вести

Победата, слободата, напредокот, развојот и успехот се нашата финална цел. До неа се доаѓа со почитување и спроведување на основните вредности“, порача во своето обраќање претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, по повод празникот Илинден.

Тој додаде дека до целта се стигнува со стратегија и тактика, но и со оператива и многу труд и многу работа.

Знам дека македонскиот народ едвај чека да добие шанса, да се произнесе за сето она што го гледа, да го даде својот глас, да излезе и на слободни фер избори да каже дека граѓаните на Македонија се господари на ова парче земја. Дека овде живее народ што знае што сака и што прави, што знае правилно да расудува, истакна Груевски.

Тој посочи дека Македонија како и досега ќе излезе уште посилна и пообединета.

Ние Македонците, одовде на Илинден порачуваме дека Македонија, како и досега низ историјата одовде ќе излезе уште посилна, уште поуспешна, економски посилна и пообединета. Да ни е за многу години и векови праникот Илинден!, порача Груевски притоа упатувајќи честитка до сите граѓани на Македонија.

Најчитани вести