Македонија

Груевски: Ќе градиме нов студентски дом

Груевски: Ќе градиме нов студентски дом
Груевски: Ќе градиме нов студентски дом

Многу краткорочно, денеска веќе се преземаат активности за тоа што се случи во домот Гоце Делчев околу прокиснувањето. Ние како влада имаме донесено интерна одлука за изградба на нов студентски дом во Скопје, рече премиерот Никола Груевски при гостувањето во вестире на СИТЕЛ.

Груевски рече постоечките студентски домови кои се реновирани се реновирани од оваа влада, а се изградени и нови. Груевски вели дека има реновирање во СД Кузман и СД Гоце Делчев.

-Се што е реновирано или изградено од ново е откако ВМРО –ДПМЕН е на власт. Планираме да почнеме подготовки за градба на нов студентски дом кој би сместил од 5000 до 1000 лица зависно од  потребите. Размислуваме за локацијата каде ќе биде. Разгледуваме варијанти во Центар, Гази Баба, Ѓорче, во наредните десеттина дена би требало да ја одредиме точната локација, рече Груевски.

Премиерот нагласи дека размислуваат како да најдат начин ако е можно да се забрза реновирањето на „Гоце Делчев“ кое што е започнато.

-Јас се  сеќавам токму во гостување на оваа телевизија најавив дека ќе има реновирање, тоа и се случи. По мојата најава владата ја донесе одлуката, се отвори тендер за проект за реновирање, се направи, се отвори тендер за изградба и започна изградбата по блокови.  Се почна со реновирање од блокот Б кој беше во најлоша состојба. Завршено е реновирањето на овој блок, се чека внесувањето на новиот мебел. За еден месец, сите оние кои се од блокот А ќе се вселат во блокот Б за да почне реновирањето на блокот А. Остануваат двата други блока В и Г , ќе треба најмалку уште една година, можеби и повеќе.  Од тие причини бараме начин како да се забрза сето тоа. Нашето ветување како што беше си тече. Ќе видиме како ќе се најде начин за да се забрза, имаме разни варијанти, рече Груевски.