вторник, 6 декември 2016  |  Вести денес: 0

Груевски ќе се обрати пред граѓаните на големиот собир на ВМРО-ДПМНЕ

Уште од рано утрово, граѓани од цела Македонија масовно се собираат и тргнуваат кон Скопје за да бидат дел од големиот собир.

tribina-na-vmro-vo-sala-boris-28-640x397

Последни вести

Во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје денеска попладне голем собир ќе одржи ВМРО-ДПМНЕ на кој за во 15 часот е најавено обраќање на лидерот на партијата Никола Груевски.

Уште од рано утрово, граѓани од цела Македонија масовно се собираат и тргнуваат кон Скопје за да бидат дел од големиот собир.

Владејачката партија викендов организираше неколку јавни тематски трибини на кои учествуваа пратеници и членови на Владата од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и вицепремиер Никола Тодоров во петокот најавувајќи ги настаните истакна дека нивната цел е да покажат дека продолжуваат да реализираат проекти и конкретни дела.

– Без оглед на желбите и сценаријата на нашите опоненти, ние секогаш сме се одликувале со поразлична свест од нив, поразлично чувство на одговорност кај граѓаните и кон државата затоа што за нас секогаш интересите на Македонија биле и се пред сите други, рече Тодоров.

Најчитани вести