Груевски му порача на Заев: Нема да го скршиш духот на Македонецот

Тргнат е да ослободува лица кои убиле деца, има иницијативи Смилковско езеро беше дел од договорот на Тиранската платформа. Има најави, потврдено и од самиот Заев дека ќе ослободува криминалци, над 1.050 криминалци. Прават монтирани случаи, до кога?, запраша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во гостувањето на ТВ Алфа.

„Нема да го скрши духот на Македонецот, нема да го скрши духот на овој граѓанин без разлика дали Груевски ќе е лидер на ВМРО-ДПМНЕ или не, дали Груевски ќе го стави тој во затвор или не. Што и да се случи сакам да му порачам дека нема да го скрши духот на Македонецот во оваа држава и нема да ги постигне своите валкани цели, потенцираше Груевски.

Крајната цел е да се стиши секој слободномислечки Македонец, со што сакањето на државата треба да стане демоде

Крајна цел на сево ова не е само ВМРО, не сум само јас, крајна цел е да се сузбие секој слободномислечки Македонец, кој се грижи за својата држава, го сака својот народ, го сака својот идентитет, јазик име, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ

„Преку разни механизми се делува сакањето на државата да стане демоде, а модерно да стане на пример геј браковите, посвојување на деца од хомосексуални бракови, тоа да е модерно, а некој ако си ја сака државата, или идентитетот, или името, или јазикот, тоа да е демоде“, рече Груевски