Груевски на Самит на ЕПП

Премиерот Никола Груевски присуствува на Самитот на Европската народна партија, на кој покрај него се наоѓаат и шефови на партии и политички лидери од европската десница, меѓу кои и претседателите на Европската комисија и на Европскиот совет, Жан-Клод Јункер и Доналд Туск.

Груевски претпладнево оствари средба со првиот човек на најголемата Европска народна партија (ЕПП), Жозеф Дол, кој даде силна поддршка на Република Македонија и изрази очекување за враќање на македонската опозиција во Собранието.

sami-epp_thumb_medium500_241

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, на разговорот кој се одржа пред Самитот на европската десница во Брисел, Дол на Груевски му ја истакнал важноста од продолжување на реформскиот процес во Македонија. Исто така, Дол на состанокот изразил волја и лично да се ангажира за поддршка и помош на Република Македонија во напредување на нејзините европски интеграции.

sami-epp-2_thumb_medium500_628