Груевски: Народот не го интересираат насилни сценарија и демагогија, туку реални проекти

Мене ми е јасно дека народот на избори довербата ја дава на партијата и на нејзиниот лидер, а не на владата. И отчетот и одговорноста ја бара од партијата и од првиот човек кому му доверил доверба. И од тоа нема бегање, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во мега интервјуто за Телеграф.мк.

Затоа, јас ќе продолжам да бидам на терен, сега со уште позасилено темпо. Да се среќавам со луѓето, да разговарам и да помагам. Политичарот вреди онолку колку што проблеми ќе реши. Народот не го интересираат насилни сценарија и демагогија, туку реални проекти и чекори што значат решавање на неговите реални проблеми, додава Груевски.