Груевски: Со вакво однесување СДСМ никогаш нема да биде соодветна алтернатива за ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ со ваков начин на однесување и со ваков кадар никогаш нема да биде соодветна алтернатива на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија, истакна премиерот Никола Груевски  во своето обраќање пред насобраните граѓани во Прилеп. Тој посочи дека не ни чудо што со оваа цела операција СДСМ ништо не направија, освен што закрвија народ и поставија основ за секаков вид на проблеми и конфликти.

„Тоа всушност беше и целта на неговите нарачатели. Има уште една интересна работа која вреди да се искоментира. Тоа е темата која самите си ја отворија, а тоа е демек амнестија за сите. И тоа така смешно го прават, прво низ некаква призма на преговори, па потоа си нафрлаат топка и самите демек закуцуваат, не сакале амнестија се ќе било судено, сите ќе одговарале и слично. Човек не знае како да одговори на ова а да не биде погрешно сфатен. Ние кажавме повеќе пати и нашиот став е јасен по ова прашање,“ истакна премиерот.

Премиерот потенцираше дека СДСМ ваков каков што е, нема да биде соодветна алтернатива за ВМРО-ДПМНЕ.