Хакери упаднале во над 80 милиони сметки во голема американска банка, но не зеле ниту еден долар

Една од најголемите американски банки, „Џеј Пи Морган“, јавно признала дека во текот на летово хакери успеале да си обезбедат непречен пристап до 83 милиони нејзини сметки, објавуваат медиумите во САД, пренесува Нетпрес.

За хакерскиот напад се знаело од порано, но се сметало дека станува збор за околу еден милион банкарски сметки. Подоцна се покажало дека всушност се хакирани вкупно 76 милиони приватни и 7 милиони банкарски сметки на мали фирми.

Ова, според американските медиуми, е најголемиот хакерски напад во историјата на банката.

Од друга страна, пак, органите на прогонот биле зачудени од однесувањето на хакерите, бидејќи тие не зеле ниту еден долар од сметките до кои имале пристап. Токму поради тоа нема никакви сомнежи дека станува збор за странска шпионска операција, на пример од земји како Русија или пак од јужна Еворпа, пишува весникот „Њујорк Тајмс“.

Според објавеното, хакерите успеале да влезат во околу 90 сервери на компанијата, од каде имале контрола врз сите програми и компјутери на банката.