Хамилтон во Сингапур ќе вози за израмнување во победи со својот идол Сена

Хамилтон во Сингапур ќе вози за израмнување во победи со својот идол Сена

Ако победи на трката за Големата награда на Сингапур, Британецот ќе ја оствари својата 41-ва победа во кариерата, исто колку што има и Сена, но и неговиот ривал последните години Себастијан Фетел. Интересно е тоа што до бројката од 41 победа, Хамилтон би стигнал од 161 трка, една помалку отколку што извозе Сена.

Како дете го гледав и ќе ми биде огромна чест ако се израмнам со него. Една победа ме дели од тој успех, но се надевам дека нема да ми биде последна. Не смееме да заборавиме дека ако Сена беше жив, ќе освоеше уште многу победи на трките и титули, изјави Хамилтон.

Во случај на триумф во Сингапур, пред британскиот возач ќе останат уште Ален Прост со 51 и Михаел Шумахер со 91 победа.